По два месеци во Мароко: Југослав Тренчовски ја напушти Раџа Казабаланка!
Струмичанецот работеше како асистент на Босанецот Русмир Цвико, но денеска ја потврди разделбата со екипата преку социјалните мрежи.
Раџа Казабланка во моментов се наоѓа на третата позиција во шампионатот, откако освои девет бодови по пет одиграни натпревари.
„Ти благодарам Раџа Казабланка. Ова беше неверојатно искуство, да се биде дел од еден од најдобрите тимови кои ги имаат најдобрите навивачи во светот. Ви посакувам сè најдобро“, објави Тренчовски.
Тренчовски има богата интернационална кариера со оглед на тоа дека работеше во повеќе клубови, како што се Шеик Расел, Ал-Оробах, Ал-Араби, но и во македонските екипи Брера, Беласица и други.