Војдан Стојановски и официјално влезе во легендите - прв со 100 меча за Македонија (ФОТО)
Неговиот голем јубилеј беше обележан и на полувремето со македонски дрес со бројот „100“ кој му го подари нашиот легендарен тренер Марин Докузовски кој седеше на нашата клупа на историското Европско првенство во 2011 година кога дојдовме до четвртото место.
Кариерата во репрезентацијата, Војдан ја почна во 2008 година кога на клупата на нашиот национален тим седеше Јовица Арсиќ кој прв го повика. Низ годините со одличните настапи сосема заслужено и ја презема капитенската лента како лидер на паркетот.