Големиот талент на Ливерпул е навивач на - Манчестер јунајтед!
Интересната приказна деновиве ја откри поранешниот фудбалер на „црвените ѓаволи“, Ники Бат, откако Нгумоа одигра одличен натпревар во убедливата победа на Ливерпул од 4-0 над големиот ривал.
Младиот крилен напаѓач најпрво асистираше за голот на Флоријан Вирц, а потоа и самиот се запиша меѓу стрелците. Со тоа стана најмладиот фудбалер во историјата на Ливерпул кој постигнал гол против Манчестер јунајтед, соборувајќи го рекордот на Мајкл Овен.
Ники Бат, гостувајќи во подкастот „Good Bad Football“, откри дека Нгумоа во минатото го посетил „Олд Трафорд“, како и тренинг-центарот на клубот во Карингтон, но на крајот сепак завршил во Ливерпул.
„Кој го водеше на разгледување?! Тој е голем навивач на Манчестер јунајтед“, револтирано прокоментира Бат, алудирајќи на пропустот на клубот да го убеди младиот фудбалер да му се приклучи.
Неговиот саркастичен коментар брзо привлече внимание на социјалните мрежи и повторно ја отвори дебатата за пропуштената можност на Манчестер јунајтед да ангажира фудбалер кој уште од детството навивал за клубот. Идол на Нгумоа му бил легендарниот Дејвид Бекам.
Нгумоа претходно беше дел од младинската академија на Челси, а во септември 2024 година се пресели во Ливерпул. Таму брзо напредуваше и успеа да се избори за место во првиот тим, притоа соборувајќи неколку клупски рекорди.