Милан даде четири гола за половина час за голем пресврт во Грција! (ВИДЕО)
Италијанскиот гигант имаше тешко отворање на натпреварот, а домаќините ја искористија несигурноста на гостите и поведоа со 1-0. Олимпијакос до предност дојде со автогол на голманот Мањан, па со минимална предност замина на паузата. Проблемите за Милан продолжија и на почетокот од второто полувреме. Жота Силва погоди за 2-0 и се чинеше дека грчкиот тим е на добар пат да стигне до триумф.
Сепак, тој гол како да беше сигнал за будење на гостите, кои во период од само 15 минути направија целосен пресврт. Хачисон во 56. минута ја намали негативата, шест минути подоцна Сисе донесе израмнување, а Кристијан Пулишиќ во 71. минута го постигна голот за 3-2 и голема радост на гостинскиот табор.
Конечниот резултат го постави Мореира во петтата минута од судиското продолжение, со што Милан ја запечати победата од 4-2.
За „росонерите“ ова се исклучително важни бодови во Лигата на Европа. По пет одиграни кола, Милан има шест бода, но зад себе веќе има и три порази.
Останати резултати:
Селта Виго – Борнмут 1-2
Динамо – Баер Леверкузен 0-2
Марсеј – Левски 1-0