Кипар нè шокира среде Скопје – патот кон ЕП стана далеку потежок (ФОТО)
Натпреварот донесе изедначена игра од почетокот до крајот и победникот се решаваше во последните минути од средбата.
Првиот период во кој Кипарците поведоа со пет разлика (11-6) заврши во корист на Македонија, избраниците на Берокал го свртија резултатот на 23-21. Но, на почетокот на втората четвртина Кипар одново повторно го презема водството кое го одржуваше до пред паузата.
На одмор се замина со изедначен резултат 43-43. На паузата помеѓу двете полувремиња беше обележан и јубилејот на Војдан Стојановски кој стана прв наш репрезентативец со 100 натпревари.

Не се промени многу сликата на теренот и во третиот период, двете репрезентации се менуваа во водството, а в о последната четвртина влеговме со поен предност (55-54).
Кипар овој период одлично го започна и поведе со највисоки на натпреварот „плус седум“ (63-56). Македонија сепак не дозволи противникот да победи и на шест минути пред крајот со тројка на Димитријевиќ одново го израмни резултатот (65-65)
Сепак, последните минути повторно му припаднаа гостинот во салата „Лазар Лечиќ“, па Македонија мораше да се помири со првиот пораз во оваа рунда, по триумфот во првото коло на гости против Австрија.
Ненад Димитријевиќ беше најдобар стрелец кај нас со 30 поени и шест асистенции, а зад него следеѓе Стојан Ѓуроски со 11. На спротивната страна Филипос Тигкас уфрли 25.








