Војдан: Ако му требам на селекторот и понатаму ќе играм за Македонија- денеска бевме лоши!
По натпреварот Војдан не ги криеше емоциите, но порача и дека ќе биде потребно да помине малку време за да се соберат сите чувства.
„Сите години денеска ми поминаа низ главата, не ми се верува дека поминаа 19 години од моето деби, чувството беше предобро. Треба малку да ми „легне“, кога ќе погледнам наназад навистина многу години поминаа и најдобрите и најлошите...секогаш сум тука, кога треба да се помогне на Македонија. Ако сум потребен на селекторот ќе продолжам да бидам тука“
Кога е натпреварот во прашање, свесен е капитенот дека не бевме на нивото и дека на гости ќе треба да одиграме многу подобро и да имаме поинаков пристап.
„Денеска не одигравме како што треба, бевме лоши и таму мораме да го смениме пристапот, ако сакаме да победиме“, изјави Војдан.
За Македонија ова беше прв пораз по стартната победа во првото коло против Австрија на гостински терен.