Елмас како Меси: Си поигра со цела одбрана на Лихтенштајн и погоди! (ВИДЕО)

Maкедонската фудбалска репрезентација по само 15 минути доаѓа до предност во натпреварот против Лихтенштајн и тоа со ремек-дело на Елиф Елмас.

Елмас кој пред неколку дена се врати во Наполи во стилот на Меси нанижа неколку фудбалери на противничката репрезентација и низ нозете на голманот Бухел ја испрати топката во мрежата.