Алиоски го пропушта најважниот меч на Македонија во квалификациите за СП!?
Алиоски има повреда на левата фибула, поради која во следните недели ќе оди на медицински третмани, а според прогнозите ќе паузира неколку месеци што значи дека нема да биде подготвен за следниот предизвик на Македонија во Кардиф.
Македонската репрезентација во моментов е на втората позиција во групата Ј со 13 бодови, односно еден помалку од Белгија и три повеќе од Велс кој има одиграно и еден меч помалку од нашата селекција.
Македонија е во добра позиција во моментов за освојување на втората позиција во групата, но не зависи сè од нас туку постојат неколку комбинации кои може да ги прочитате ТУКА.