Лоши вести за Реал: Заврши годината за Карвахал
По деталните прегледи, утврдено е присуство на парче коска во зглобот на десното колено поради што ќе мора да му биде извршена операција. Шпанските медиуми шпекулираат дека Карвахал ќе мора да паузира меѓу два и три месеци што значи дека за него е завршена оваа година на фудбалски план.
Отсуството на ветеранот ќе мора да го покрие Трент Александер Арнолд кој и самиот беше повреден извесен период и се уште не е во посакуваната форма. Карвахал неодамна се врати во екипата по едномесечната пауза поради повреда на мускулот и неговиот настап против Барселона беше прв по пауза од пет натпревари.