Атлетико дојде до првата победа на гости и тоа таму каде што најмалку се очекуваше (ВИДЕО)
Веројатно малкумина очекуваа малерот да биде скршен денеска ако се знае дека Бетис е исклучително квалитетна екипа, а особено добро игра пред своите навивачи. Вечерва не го пречека Атлетико на „Бенито Виљамарин“, туку на „Картуха“, но сепак ја имаше поддршката од верните навивачи, а сепак не успеа да постигне ни гол.
Атлетико одигра еден од најдобрите натпревари оваа сезона и славеше со 2-0 за да се искачи на четвртата позиција на табелата, со само три бода помалку од второпласираната Барселона. Двата гола беа постигнати во првото полувреме, Симеоне го отвори резултатот во третата минута, а конечните 2-0 ги постави Баена во судиското продолжение со фантастичен удар.
Откако направи убава предност, Атлетико во второто полувреме ги затвори сите приоди кон својот гол, па Бетис немаше ни шанса да се избори барем за бод на овој меч.