Три спорни ситуации на мечот Шкендија - Вардар и ниту една грешка на судиите! (ВИДЕО)

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар славеше против актуелниот шампион Шкендија (1-0) во Тетово, по што судиската комисија го разгледа извештајот од дербито кое се играше во рамки на 10. коло од Првата лига.

Комисијата разгледа три спорни ситуации од натпреварот во Тетово, по што донесе одлука дека судиите донел исправни одлуки.

„Во акцијата на која и претходеше досудениот пенал, немаше прекршок, играта продолжи регуларно.

По изведениот корнер, судијата правилно досуди пенал поради игра со рака од страна на фудбалерот на Шкендија, што е во целосмо во согласност со правилата на игра.

Во 88. минута, по интервенција на ВАР системот, оправдано беше поништен погодокот на Шкендија поради недозволена, офсајд ситуација во која беше стрелецот на голот, Бесарт Ибраими“, соопштија од комисијата.