Парите ја победија традицијата: На „Боксинг деј“ ќе се игра само еден натпревар

„Боксинг деј“ во минатото беше вистински празник за љубителите на фудбалот затоа што на натпреварите од Премиер лигата паѓаат голем број голови, меѓутоа оваа година ќе биде поразлична од претходните.

Англиските медиуми пишуваат дека на „Боксинг деј“, односно 26 декември, ќе биде одигран само еден премиерлигашки натпревари, односно ќе биде прекината традицијата која траеше со децении.

Густиот распоред на натпревари му пресуди на „Боксинг деј“, кој оваа година се паѓа во петок и ќе биде третиран како и секој друг кога се игра еден натпревари.

Најдобрата фудбалска лига во светот има 33 викенди на кои треба да ги испочитува телевизиските права, односно невозможно е да се одиграат сите натпревари в петок, туку ќе бидат распределени како во сите останати викенди.

Во следниот период треба да се одржат нови преговори во обид нешто да се промени, но најавите се дека такво сценарио не е возможно, односно на „празникот на фудбалот“ ќе се одигра само еден меч.