Винисиус можеби ќе си оди од Реал, ама има достоен „наследник“ во Белингам (ВИДЕО)

Англискиот репрезентативец Џуд Белингам ги има сите услови да го стигне Винисиус како еден од највалканите и најбезобразни фудбалери во Ла Лига.

Неколку пати во претходните две години беше критикуван поради своето подмолно однесување, а истото тоа го повтори и на вчерашното Ел Класико. За навивачите на Реал секако е херој бидејќи го постигна голот за победа, но по којзнае кој пат покажа дека зад големиот талент се крие валкан играч.

Да биде уште посмешно, тој вчера го малтретираше Педри кој е еден од најмирните фудбалери не само во Шпанија, туку и воопшто во европскиот фудбал. При една ситуација, додека играчот на Барса беше легнат на тревата, Белингам му се прикраде одзади и го повлече за главата на мошне груб начин. Фудбалерите на Барселона побараа санкција за тоа, но Англичанецот само цинично им се насмеа и искоментира: „Тоа ви го нема ни кај Негреира“.

Винисиус можеби ќе биде продаден на крајот од оваа сезона поради тоа што го нарушува имиџот на клубот, но Бразилецот сепак ќе има достоен „наследник“.