МЗТ Скопје го прегази Гостивар за нова победа во Суперлигата
Нападите на двете екипи не беа премногу расположени во првата четвртина, па беа постигнати само 24 поени (13-11 за МЗТ), но затоа екипата од Аеродром додаде гас во втората четвртина и на полувремето имаше предност од 41-25.
Повторно следеше пад во играта и неефикасна трета четвртина, која заврши во корист на МЗТ Скопје со 14-13, по што продолжи доминацијата на скопскиот тим за триумф од 77-57.
Најефикасен кај МЗТ Скопје беше Мек Смит со 14 поени, додека Карахоџиќ запиша 12 поени за Гостивар.