Јамал со еден потег на Инстаграм предизвика „војна“ во Шпанија (ФОТО)
Јамал беше нервозен по дербито и сакаше да се пресмета со ѕвездите на „кралскиот клуб“, а посебно му се налути на колегата од репрезентацијата, Дани Карвахал.
Младата ѕвезда на Барселона го отследи неговиот сонародник од Инстаграм, а тоа предизвика „војна“ на социјалните мрежи.
Односите меѓу Јамал и Карвахал се нарушени,а тоа предизвика поделба во соблекувалната на шпанската репрезентација, односно од една страна се играчи како Фермин Лопез, Педри и Нико Вилијамс, додека од другата со Карвахал се Дин Хујсен и уште неколку репрезентативци.
Ова ќе биде голем проблем и за селекторот Луис де ла Фуенте, кој ќе мора да најде начин да ги смири фудбалерите пред следните предизвици.
🚨 𝗡𝗘𝗪: Lamine Yamal has just unfollowed Dani Carvajal on Instagram. pic.twitter.com/LPVGK8SQkt
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) October 27, 2025