Алонсо ќе му прости: Винисиус нема да биде казнет! (ВИДЕО)

Бразилецот Винисиус Жуниор ги загуби нервите во „Ел Класико“ и го пцуеше тренерот Чаби Алонсо кој реши да го повлече од игра во завршницата на теренот, а за неговиот скандалозен потег фудбалерот нема да добие казна, иако имаше најави дека ќе биде санкциониран.

Управата на клубот го разбира потегот на Винисиус, кој реагираше емотивно за време на едно од најголемите дербија во светот на фудбалот, а очигледно тренерот Алонсо не му замерил за неговиот потег.

„Реал Мадрид нема да го санкционира Винисиус“, објави новинарот Фабрицио Романо.