Ако Лихтенштајн не прими „шестка“, тогаш и реми во Кардиф ни носи полесен ривал во баражот!

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ремизира против Казахстан, додека Белгија славеше во Кардиф против Велс (4-2) што значи дека речиси сигурно ги изгуби шансите за првото место (тоа зависи и од Белгија која реално има „лесна“ задача до крајот), меѓутоа сè уште е во игра втората позиција во групата и за тоа постојат неколку комбинации.

Нашата селекција во моментов е на втората позиција со 13 бодови од седум одиграни натпревари и гол-разлика 12-3 (+9), додека Велс се наоѓа на третото место со 10 поени и еден меч одигран помалку од Македонија, со гол разлика 13-10 (+3).

Велс во следното коло игра против Лихтенштајн и се очекува да слави против најлошата селекција во нашата група, а доколку победата не биде поголема од шест голови разлика, тогаш на Македонија во последното коло ќе ѝ одговара и реми против директниот противник за втората позиција.

Доколку се случи Велс да слави со повеќе од шест голови против Лихтенштајн, тогаш Македонија ќе мора да оди на победа во последното коло.

Постојат и други комбинации, како на пример Велс да не слави против Лихтенштајн, односно да ремизира со што повторно на Македонија би ѝ одговарало реми, додека најидеално сценарио, но речиси невозможно е пораз на нашито следен ривал против најлошата репрезентација во групата.

Македонија со евентуално освојување на втората позиција во групата, ќе добие подобро место во баражот, а со тоа и шанса за полесен пат до пласман на Мундијалот.

Standings provided by Sofascore