Селекторот на Казахстан: Задоволен сум од играта, успеавме да ја запреме Македонија

Казахстан со агресивна игра успеа да освои бод на гостувањето кај Македонија (1-1) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Селекторот на Казахстан, Талгат Бајсуфинов по натпреварот кажа дека е презадоволен од играта на неговите избраници.

„Задоволен сум од играта на Казахстан и начинот на подготовка. Во првиот дел го видов тоа што го очекував, изгледавме многу подобро од минаите натпревари. Знаевме дека можеме да ја запреме Македонија со висок пресинг. Потоа во второто полувреме малку се подраспаднавме на теренот, меѓутоа на крајот освоивме бод. Сметам дека ова е патот по кој треба да се движиме и во иднина“, изјави Бајсуфинов.

Фото: EPA