
Милевски: Не победивме, но продолжуваме да го живееме сонот за СП
Македонија не успеа да го победи Казахстан, одигравме 1-1 во натпревар со две различни полувремиња.
„Што би променил сега после натпреварот? Старната формација и некои играчи. Не ме изненади Казахстан но немавме доволно информации за да ги анализираме, се обидовме да играме во формацијата во која започнавме, но не успеавме, брзо ја променивме формацијата и продолживме. Второто полувреме беше сосема поинаку. Миовски беше принудно померување на позициите откако се случивме да ја промениме формацијата. Но, секој треба да се стави во фунцкија на тимот, немам никаква замерка за него“, вели Милевски.
„Влеговме малку нервозно во натпреварот. Таа нервоза е резултат и од напорот од мечот со Белгија, не би рекол од важноста на мечот, сите се важни. Првото полувреме изгубивме и доста дуели, тие втори топки, но реакцијата на играчите во вториот дел беше таква каква што требаше да биде. Им честитам на моите фудбалери за сето тоа што го покажуваат во овие квалификации, немам никаква замерка'.
„Со изданието во вториот дел заслуживме победа, но фудбалот е таков. Казахстан одигра добар натпревар, тоа е квалитетен тим. Мислам дека бевме поблиску до победа, но не успеавме. Нивниот голман имаше три-четири одлични интервенции, мислам дека тој беше играчот на натпреварот“.
„Се обидовме да го освежиме тимот со некои играчи како Илиевски, Алими, Ристовски... кои не беа уморни од Белгија, но се чувствуваше замор кај фудбалерите во целина. Периодот за рекуперација беше мал“.
„Не победивме, но продолжуваме да го живееме сонот за Светското првенство, ќе играме бараж, без разлика по кој пат дали преку квалификациите или преку Лигата на нации. Ќе се подготвиме најдобро што можеме за тие натпревари во март. Во меѓувреме ќе одиме во Кардиф и ќе одиграме најдобро што можеме против Велс“.