
Белгија го освои Кардиф - еден чекор ја дели до место на Мундијалот!
Велс тргна одлично во мечот и по осум минути поведе со голот на Џо Родон, кој со глава го матира Тибо Куртоа.
Белгија знаеше како да одговори, па набрзо преку Кевин Де Брујне од пенал израмни на 1-1, додека Томас Муние во 24. минута постигна прекрасен гол за целосен пресврт.
Де Брујне повторно погоди во вториот дел, и тоа од белата точка за предност од 3-1 на Белгија, меѓутоа Велс во 89. минута успеа да намали на 2-3 преку Нејтан Бродхед. Сепак, една минута подоцна Леандро Тросар ја запечати победата за неговиот состав (4-2).
Белгијците со оваа победа се приближија кон пласман на Мундијалот, односно истата цел може да ја потврдат уште во следното коло со евентуален триумф против Казахстан, додека до крајот треба да играат и со Лихтенштајн.
Резултати:
Исланд – Франција 2-2
Северна ирска – Германија 0-1
Словачка – Луксембург 2-0
Словенија – Швајцарија 0-0
Шведска – Косово 0-1
Украина- Азербејџан 2-1
Велс – Белгија 2-4
Фото: EPA