За обложувалниците Интер веќе е шампион, почнаа да исплаќаат за Скудетото!

Дел од обложувалниците немаат намера да чекаат Интер и теоретски да го завери Скудетото, тие сметаат дека нема шанси да се промени нешто, па веќе почнаа да исплаќаат на оние кои типувале дека нероазурите ќе бидат шампиони на Италија.

На девет кола до крајот во Серија А, Интер има предност од 14 бода во однос на Милан и 17 во однос на Јувентус. На сите им е јасно дека само прашање на време е кога нероазурите ќе го заверат Скудетото.

„Газета дело Спорт“ пишува дека обложувалницата „Сисал“ веќе почнала да исплаќа пари на оние кои се обложиле дека Интер ќе го освои Скудетото.

Тие не откриваат за колку голема сума станува збор, но објавуваат дека дури 50 проценти типувале дека Интер ќе биде шампион.