
Влаховиќ доби необична понуда од Бразил: Никогаш не вели никогаш во фудбалот!
Спортскиот директор на клубот од Рио де Жанеиро, Хозе Бото, јавно го спомена Влаховиќ како играч за кој сериозно размислуваат.
„За она што нам ни треба, размислуваме за Влаховиќ. Нашиот проблем не би биле парите, туку убедувањето на овие големи имиња да дојдат во Бразил. Во фудбалот, никогаш не вели никогаш“, изјави Бото.
Влаховиќ има договор со Јувентус до летото 2026 година, но неговото заминување од Торино во претстојниот преоден рок изгледа сè поверојатно. За „старата дама“ има одиграно 144 натпревари, постигнувајќи 57 голови и додавајќи 14 асистенции.