Само 20 бодови на Ѓоковиќ може да му направат пекол на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ во изминатата недела немаше настап и забележа пад од една позиција на АТП листата и во овој момент српскиот тенисер се наоѓа на шестото место со вкупно 4.630 бодови.

Пред Ѓоковиќ се: Јаник Синер, Карлос Алкараз, Александар Зверев, Џек Дрејпер и Тејлор Фриц, но од четвртата позиција каде што е Дрејпер заостанува само 20 бода.

Но, тие 20 бода можат да му направат голем проблем бидејќи четвртата позиција на АТП листата би му донела многу подобра позиција во ждребот за Вимблдон.

Во ваква ситуација како шести тенисер во светот Ѓоковиќ може да има тежок ждреб сличен на оној на Ролан Гарос каде што уште во четвртфиналето мораше да се соочи со Зверев, па потоа и со Синер, а во потеницјалното финале би можел да го чека Алкараз.

Вимвлдон оваа година стартува на 30 јуни и ќе се игра до 13 јули, а титулата ќе ја брани Карлос Алкараз кој го победи токму Ѓоковиќ во минатогодишното финале.

Фото: EPA