
На повидок првиот спектакл на Светското првенство: Реал против Сити или Јувентус
Манчестер Сити и Јувентус обезбедија пласман во нокаут фазата и во меѓусебен дуел во третото коло ќе одлучат кој ќе го освои првото место во групата, а еден од нив потоа најверојатно ќе се се сретне со Реал Мадрид. „Кралевите“ уште не се сигурни осминафиналисти, но потребен им е само бод во последното коло против Салцбург за да влезат меѓу 16. најдобри.
Тука веројатно ќе се види вистинската сила на Реал затоа што и Јуве и Сити доживеаја неколку промени во текот на летото и би можеле да му го загорчат животот на најтрофејниот тим во Лигата на шампионите. Реал во првото коло од Светското првенство ремизираше со Ал Хилал, но вчера ја растури Пачука, додека Сити и Јувентус ги наполнија до врв мрежите на Видад и Ал Аин, заедно постигнувајќи вкупно 17 гола.