Погба: Побарав помош од Јувентус, но никогаш не ја добив!

Францускиот фудбалер Пол Погба тврди дека Јувентус не му помогнал за време на суспензијата поради допингот.

Погба открива дека „Старата дама“ не застанала на негова страна за време на суспензијата и поради тоа му било многу тешко.

„Побарав помош од Јувентус, но никогаш не ја добив“, откри Погба за француските медиуми.

Французинот падна на допинг-тест по мечот против Удинезе во 2023 година, по што беше суспендиран на четири години, но потоа казната му беше намалена на 18 месеци.