Само Силекс во европските квалификациите нема да игра на „Тодор Проески“

Македонските клубови кои ќе настапат во европские квалификации полека ги финализираат подготовките, а три од вкупно четири екипи кои ќе го претставуваат македонскиот фудбал ќе играат на нашиот најголем стадион „Тодор Проески“.

Шкендија е единствена која ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите, а тетовскиот клуб во првото претколо ќе го пречека велшки ТНС. Тој натпревар се игра на 15 јули од 20:30 часот, претходно тетовскиот клуб ќе гостува во Велс.

Во европските квалификации летово се враќа и Вардар кој ќе се соочи со Ла Фиорита од Сан Марино и натпреварот на „Тодор Проески“ е закажан на 10 јули од 20:30 часот.

Работнички кој доби предност пред Силекс белорускиот Торпедо Белаж ќе го пречека на 17 јули од 18:00 часот. Истиот ден во терминот од 19:00 часот Силекс на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе игра против тимот на Дечиќ од Црна Гора.