
Без победа и против Мароко: Уште еден пораз за младинците на Светското првенство
Избраниците на Раде Стојановиќ од почетокот на натпревар беа конкурентни, но речиси постојатно бевме во негатива од 2-3 гола разлика и никако не успевавме да го наметнеме нашето темпо.
Таа предност Мароко ја одржуваше во најголем дел од средбата, а во завршницата Мароканците поведоа и со пет гола разлика (27-22), па во тие моменти победникот на натпреварот веќе беше одлучен.
Во следниот натпревар кој е на програмата утре од 14:00 часот, 'ќе ги одмериме силите со Мексико. Македонија во Президент Купот игра за место од 17 до 32 позиција.