Осимен има понуда од соништата - ќе заработи 160 милиони евра!?

Нигерискиот напаѓач Виктор Осимен ова лето најверојатно ќе биде продаден од Наполи, а се појави можност да заработи неверојатни 160 милиони евра.

Ал-Хилал наводно е подготвен да му даде плата од 40 милиони евра по сезона на Осимен, а договорот би бил потпишан на четири години.

Осимен минатата сезона настапи на 41 натпревар за Галатасарај, а притоа постигна 37 голови и осум асистенции.

Фото: Facebook/Galatasaray