Прв голем проблем за Чаби Алонсо: Белингам ги пропушта првите два месеца од новата сезона

Англискиот репрезентативец Џуд Белингам ќе мора да паузира најмалку два месеца и ќе го пропушти стартот новата сезона поради операција на која мора да оди.

Станува збор за хируршки зафат на неговото рамо кое го мачи подолго време и поради кое постојано игра со специјална преврска. Во текот на сезоната ја одложуваше операцијата, а сега му е закажана една недела по завршувањето на Светското клупско првенство, во случај Реал да се пласира во финалето кое се игра на 13 јули.

„Сега не чувствувам толкава болка, но ми се смачи да играм со преврска. Загубив голем дел од мојата тежина бидејќи многу се потам за време на натпреварите. Ќе направам операција по првенство, медицинскиот тим е извонреден, но едноставно сакам повторно да играм без болки“, изјави Белингам.

Паузата по вакви операции трае околу три месеци, а со оглед на тоа што новата сезона почнува во август, Англичанецот ќе ги пропушти првите два месеца од неа. Враќањето се очекува во текот на октомври.