
Пелистер ги продолжи договорите со уште тројца фудбалери
Денеска е потврдено продолжувањето на соработката со тројца фудбалери од актуелниот играчки состав: играчот за врска Јорданчо Наумоски, левиот бек Филип Миленковски и напаѓачот Јованчо Трајковски. Тројцата меѓу најстандардните во тимот минатата натпреварувачка кампања, заедно одигрувајќи вкупно 62 натпревара.
Пелистер го закажа стартот на подготовките за новата сезона за 30 јуни, а претстојната недела ќе почне и со потпишување на засилувањата во екипата.