Еден од најдобрите голгетери во Италија пред трансфер во Јунајтед?

Најдобриот фудбалер на Фиорентина, Моис Кин наскоро би можел да ја напушти Фиренца, а како негова наредна дестинација се најавува Манчестер јунајтед.

Кин во Фиорентина пристигна пред почетокот на минатата сезона од Јувентус за сума од 13 милиони евра и во 44 натпревари во сите натпреварувања постигна 25 гола.

Неговата добра сезона не помина незабележано, па сега е многу блиску до преселба во Англија. Манчестер јунајтед според последните информации е подготвен да ја активира неговата откупна клазула во износ од 52 милиони евра која важи во првите 15 дена од јули.

Ќе потсетиме, Фиорентина неодамна го доведе Един Џеко, а исто така има опција да го откупи Алберт Гудмудсон од Џеова кој во минатата сезона настапуваше како позајмен фудбалер.

Фото: UEFA