Драма во домот на Арнаутовиќ: Настрадал член на обезбедувањето!

Во ноќта помеѓу сабота и недела двајца крадци се обиделе да влезат во домот на репрезентативецот на Австрија, Марко Арнаутовиќ, пренесуваат италијанските медиуми.

Разбојниците се обиделе насилно да влезат во вилата на фудбалерто во близина на Комо каде што Арнаутовиќ престојувал со своето семејство.

Нивниот план бил спречен од обезбедувањето кое било поставено од Арнаутовиќ. Како што се наведува ситуацијата ескалирала многу брзо и дошло до физичка пресметка помеѓу обезбедувањето и разбојниците.

Разбојниците не успеале да влезат и побегнале, но во пресметката еден од членовите на обезбедувањето се здобил со повреди на главата.