
Индијана не издржа без Халибартон, Оклахома е новиот шампион во НБА! (ВИДЕО)
Во седмиот натпревар од големото финале, Оклахома на свој терен ја совлада Индијана со 103-91. Пред Пејерс, Оклахома ги елиминираше Мемфис (4-0, Денвер 4-3, Минесота (4-1).
Натпреварот за жал беше обележан со тешката повреда на Тајрис Халибартон кој за седум минути запиша девет поени пред тешко да се повреди и во големи болки да го напушти паркетот.
МВП на финалето беше Шеј-Гилџес Александар кој средбата ја заврши со 29 поени и асистенции. Џејлен Вилијамс имаше 20 поени. Чет Холмгрен додадде 18 поени, осум скокови и пет блокади, а двоцифрени беа уште Алекс Карузо и Кејсон Волас со по 10 поени.
Во редовите на Индијана Бенефик Матурин беше најдобар со 23 поени, Џек Меконел постигна 16 , колку што имаше и Сиакам, Ендру Нембхард уфрли 15.
Без повредениот Халибартон Пејсерси се држеа до полувремето, дури и имаа предност со 48-47. Тандрс сепак го одлучија натпреварот во третата четвртина по која имаа водство од 81-68.
Во последниот период Оклахома немаше сили за некаков голем пресврт.