
Рудигер пријави расистички навреди, па тргна да го тепа капитенот на Пачука (ВИДЕО)
Германскиот дефанзивец на Реал Мадрид го пријавил Кабрал за расистички навреди, а главниот судија, Рамон Абати Абел, првпат во историјата на ова натпреварување, го активираше ФИФА протоколот против расизам, прекрстувајќи ги рацете пред градите како официјален сигнал.
Инцидентот започнал уште во првото полувреме, кога, според извори од шпанскиот клуб, Кабрал физички го испровоцирал Ридигер. Напнатоста продолжила и со вербални напади, при што се споменуваат навреди со расистичка конотација, како „црнец“ и „мајмун“. Ситуацијата кулминирала на патот кон соблекувалните. Кабрал наводно упатил навреда: „Ти си го*но...“, по што Ридигер го повикал да се соочат во соблекувалната: „Не би ми го кажал тоа внатре, ајде, да влеземе ако се осмелуваш“.
Брзата реакција на соиграчите и членовите на стручните штабови спречи натамошна ескалација и можен физички конфликт меѓу двајцата играчи.