Интер се „лизна“ против Аталанта на „Џузепе Меаца“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер го запишаа вториот натпревар по ред без победа во Серија А, откако денеска на „Џузепе Меаца“ ремизираа против Аталанта ( 1-1).

„Нераѕурите“ доминираа во првото полувреме и искористија една од шансите преку Франческо Еспозито за предност од 1-0.

Гостите од Бергамо се разиграа во вториот дел и серизоно му се заканија на домаќинот, а потоа го шокираа преку Никола Крстовиќ за конечни 1-1.

Интер е прв во Серија А со 68 бодови, односно осум поени повеќе од второпласираниот Милан кој има одиграно еден меч помалку.

 Фото: Inter/Facebook