Фаворитите без грешка: Продолжува жестоката трка во Втората лига!

Во 20. коло од Втората лига не направи кикс ниту еден од фаворитите, односно првите пет екипи запишаа нови победи и ја продолжија жестоката трка за позициите кои водат кон повисок ранг.

Охрид славеше на тешкото гостување во Гевгелија кај Кожуф со 1-0, а голот го постигна Абдулхади Јахја.

Шкендија Арачиново беше подобра на домашен терен против Детонит Плачковица со 1-0, а Џихан Адил го постигна единствениот гол на натпреварот.

Скопје испука „петарда“ на гости кај Победа во Прилеп (5-0), а нови победи запишаа и Брегалница против Каменица Саса (3-1) и Беласица против Слога Виница (2-0).

Резултати - 20. коло – Втора лига:

Беласица – Слога Виница 2-0
Брегалница – Каменица Саса 3-1
Кожуф – Охрид 0-1
Победа – Скопје 0-5
Шкендија Арачиново – Детонит 1-0
Тетекс – Новаци 2-1
Вардар Неготино – Преспа 2-1
Осогово – Големо Коњари 2-0

Табела:

Охрид 46, Шкендија Арачиново 45, Скопје 44, Брегалница 43, Беласица 40, Новаци 36, Осогово 36, Детонит 35...