Срцепарателна сцена: Халибартон на патерици ги теши соиграчите (ВИДЕО)

Најголемата ѕвезда во екипата на Индијана Пејсерс, Тајрис Халибартон доживеа најлош можен крај на сезоната откако по само седум минути игра во седмиот натпревар од финалето доживеа тешка повреда, на Ахиловата тетива.

Тој веќе даде жртва со тоа што речиси цел плејоф го играше со истегната десна потколеница, но не можеше да им помогне на соиграчите кога беше најпотребен. Иако повреден, веројатно чувствуваше грижа на совеста, па по мечот, во поттрибинскиот простор беше забележана срцепарателна сцена.

На патерици, тој ги чекаше сите свои соиграчи за да им подаде рака и да ги утеши по поразот и по уште една пропуштена шанса Индијана да ја освои првата шампионска титула во својата историја. Не е исклучено поради тешката повреда Халибартон да го пропушти стартот на новата сезона.