Шокантна одлука: Им ја донесе титулата, па 36 часа подоцна го – отпуштија!

Само ден и половина откако го предводеше Жалгирис до шампионската титула, италијанскиот тренер Андреа Тринкиери неочекувано доби отказ од управата на литванскиот клуб.

Тој имаше конкретни планови за следната сезона, меѓу кои продолжување на договори со клучни играчи и ангажирање засилувања од Олимпијакос, но, сепак, дојде до пресврт. Управата на Жалгирис, предводена од Паулиус Јанкунас, имала поинаква визија за иднината, која и покрај освоениот трофеј, довела до разделба со италијанскиот стратег.

Сега клубот ќе мора да ги испочитува договорните обврски кон Тринкиери, а останува прашањето каде ќе ја продолжи кариерата темпераментниот тренер. Тринкиери во својата кариера водеше неколку европски екипи, меѓу кои Канту, Уникс, Бросе Баскет, Партизан и Баерн Минхен.