
Недвед ги остави милионите во Саудиска Арабија – првпат ќе работи во репрезентативниот фудбал!
Недвед по завршувањето на кариерата долго време имаше функција во Јувентус, но Торино го напушти во 2022 година кога се промени комплетното раководство на „старата дама“.
Во последните месеци работеше како спортски директор на Ал-Шабаб, а сега одлучи ја напушти Саудиска Арабија и да се врати во татковината.
Оваа одлука на Недвед дојде во момент кога Чешка беше поразена од Хрватска во квалификациите за Светското првенство расипувајќи го впечатокот од одличниот старт со три победи.
Последен пат Чешка играше на еден Мундијал во 2006 година, токму кога Недвед се збогуваше од националниот тим, па сега ќе се обиде да помогне да се вратат на најголемиот фудбалски настан.