Васкез ќе остане без договор со Реал поради трансферот на Арнолд

Шпанскиот гигант Реал Мадрид наскоро ќе го промовира Трент Александер-Арнолд како ново засилување за следната сезона, а тоа е лоша вест за Лукас Васкез.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека постои голема можност „кралевите“ да не му ја продолжат соработката на Васкез, кој има договор до јуни 2025 година.

Васкез бара договор на повеќе години, но „кралевите“ наводно му нуделе соработка на една сезона, па поради тоа нови преговори меѓу двете страни се закажани за мај.