Уште една ѕвезда во МЛС: Напаѓачот на Монако се сели во Америка

Колумбискиот напаѓач Радамел Фалкао би можел кариерата да ја продолжи во американската МЛС-лига.

Колумбиските медиуми пишуваат дека Атланта јунајтед испратила понуда за 32-годишниот напаѓач на Монако, кој сака да го ангажира пред Светското првенство во Русија.

Фалкао, доколку потпише за нив, ќе заработува четири милиони евра годишно, а веќе почнале преговорите и се чека одговор од фудбалерот.

Фалкао во моментов има договор со Монако до 2020. година. Меѓутоа, екипата е подготвена да го продаде доколку пристигне добра понуда.