Ултиматум од Дортмунд: Јунајтед има една недела за да го купи Санчо!

Се ближи крајот на драмата за трансферот на Џејдон Санчо во Манчестер јунајтед, откако Борусија Дортмунд објави дека премиерлигашот има една недела за да го купи талентираниот фудбалер.

„Милионерите“ бараат 120 милиони евра за крилниот напаѓач и ако Јунајтед не го купи до 10 август, тогаш ќе треба да си бара засилување на друго место.

Да потсетиме, поранешниот фудбалер на Манчестер сити пристигна во Дортмунд во 2018 година за речиси осум милиони евра.

Санчо игра веќе две сезони за бундеслигашот, а во редовите на германскиот вицешампион има 17 голови и 17 асистенции на 32 меча.