Уапсен бивш фудбалер на Ајакс во Дубаи, му се заканува затвор од седум ипол години!

Полицијата во Дубаи во четвртокот го уапси поранешниот фудбалер на Ајакс, Квинси Промес, а информацијата ја потврди неговиот адвокат Чем Полат.

Промес бил уапсен во неговиот дом по полноќ во четврток, а потоа бил префрлен во притвор во Дубаи, по што би требало да биде депортиран од земјата.

Фудбалерот треба да отслужи затворска казна од седум ипол години, откако беше осуден за напад со нож врз роднина.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by ESPN NL (@espnnl)

Фото: EPA PHOTO