![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/15/248493-trenerot-na-torino-elmas-vekje-pokazha-deka-e-vazhen-fudbaler.jpg?itok=vA_jcoFI)
Тренерот на Торино: Елмас веќе покажа дека е важен фудбалер!
Елмас влезе во игра во 62. минута од натпреварот, а му беа потребни само три минути за да ја затресе мрежата на ривалот на неверојатен начин.
„Несреќно го загубивме натпреварот. Елмас ни дава повеќе квалитет. Тој е важен фудбалер и тоа веќе го покажа во Неапол“, посочи Ваноли.
Торино по 25 одиграни меча се наоѓа на 11. место во Серија А со 28 освоени бодови.