Херојот на Арсенал: Головите се за сопругата, ја заборавив за Валентајн

Шпанецот Микел Мерино денеска беше херој на Арсенал и ги постигна двата гола во победата на „топџиите“ од 2-0.

Мерино не беше стартер и во игра влезе во 69. минута кога го замени Стерлинг и играше во нападот на Арсенал. Одлуката на Артета да му даде шанса да биде повеќе офанзивен се исплатеше бидејќи стрелаше во 81. и 87. минута за важни три бода.

Фудбалерот на Арсенал по натпреварот го привлече вниманието и со интересна изјава.

„Мислам дека ова ми беше третпат во кариерата да постигнам два гола, а овој натпревар ќе го паметам како подарок за мојата сопруга. Заборавив да и купам подарок за Валентај вчера и овие голови нека бидат за не. Верувам дека повеќе ќе се израдува на ова отколку на кеоја ружа или чоколадо“, изјави Мерино по натпреварот.