Македонија ЃП триумфално низ Охрид, кикс на Брегалница во Прилеп

Со денешните натпревари од Втората лига по зимската пауза се врати фудбалот на македонските терени, а во нив лидерот на табелата Македонија Ѓорче Петров славеше минимален триумф.

Домаќините пружија солиден отпор кој беше скршен на 15 минути до крајот кога „лавовите“ го постигнаа голот вреден три бода. Стрелец беше Христов на асистенција од Кире Маркоски.

Македонија ЃП со овој триумф ја зголеми и предноста на табелата бидејќи Победа и Брегалница одиграа без голови 0-0, а по ова реми штипскиот тим го загуби второто место. 

Победа забележа Арсими кој со минимални 1-0 славеше над Беласица и сега тие се зад Македонија ЃП на второто место. Со истиот резултат заврши средбата и Вардар Неготино – Осогово, додека Каменица Саса и Кожув ремизираа 1-1.

ТАБЕЛА: Македонија ЃП 41, Арсими 35, Брегалница 34, Башкими 33 Детонит 26, Скопје 25, Каменица Саса 25, Охрид 24, Кожув 23, Новаци 19, Беласица 19, Вардар Неготино 17, Победа 16, Осогово 8.

ВМФЛ РЕЗУЛТАТИ:

Борец – Башкими 1-1

Беласица – Арсими 0-1

Каменица Саса – Кожув 1-1

Новаци – Детонит 0-0

Охрид – Македонија ЃП 0-1

Победа – Брегалница 0-0

Вардар Неготино – Осогово 1-0

Вардарски – Скопје 0-3