Хименез се покажува одлична аквизиција – стрелеше за минималец со Верона (ВИДЕО)

Фудбалерите на Милан дојдоа до третата победа во последните четири меча во Серија А, откако вечерва по голема борба и со минимален резултат, на домашен терен, ја совладаа екипата на Верона (1-0).

Стрелец на победничкиот погодок беше мексиканскиот интернационалец, Сантијаго Хименез во 75. минута и тоа на асистенција на Леао. За него ова беше втор погодок во четвртиот меч во дресот на „росонерите“ по трансферот од Феенорд пред крајот на зимскиот преоден рок.

Миланезите со овие три бода се искачија на седмата позиција на табелата со 41 бод, додека Верона остана на 15. место со 23 бодови.