Македонскиот претставник Алкалоид ја забележа петтата победа во европските натпреварувања оваа сезона, совладувајќи го Бриксен во Италија со убедливи 44-32.

Избраниците на Кирил Лазаров не беа сами на ова гостување – македонската дијаспора во Италија пружи силна поддршка, бодрејќи го тимот со песни и навивачки реквизити од првиот до последниот свиреж.

По завршувањето на мечот, ракометарите на Алкалоид се фотографираа со своите поддржувачи, овековечувајќи го моментот на заедничка радост.