Ернандез направи глупост: Феенорд го елиминира Милан од ЛШ (ВИДЕО)

Милан одигра нерешено во реваншот против Феенорд (1-1) и не успеа да ја анулира негативата од првиот меч (0-1) поради што беше елиминиран од Лигата на шампиони (ЛШ).

„Росонерите“ имаа одличен почеток на натпреварот бидејќи Сантијаго Хименез ја затресе мрежата на Феенорд по само 40 секунди, а нивната доминација продолжи и до крајот на полувремето, меѓутоа не беше реализирана ниту една друга шанса.

Тео Ернандез направи голема глупост во 51. минута кога доби втор жолт картон, откако се обиде да изглуми за пенал, по што почнаа проблемите на калчолигашот.

Хулијан Каранца стрелаше за 1-1 во 73. минута од средбата, а „росонерите“ не успеаја да стигнат до втор погодок и се збогуваа со елитното натпреварување.