
Работнички остана без вториот најдобар стрелец поради – неисплатени плати!
Последен што го напушти клубот е босанскиот центар Имран Полутак, кој беше еден од најдобрите играчи во тимот оваа сезона. Тој замина поради неисплатени плати, проблем што го следи Работнички цела година и кој претходно резултираше со заминување на неколкумина играчи. Полутак одигра 16 натпревари во Првата лига со просек од 14,1 поени и 7,4 скока – втор највисок во тимот, веднаш зад капитенот Стојан Ѓуроски.
Центарци со неговото заминување останаа без ниту еден од странските играчи кои беа доведени пред стартот на сезоната. Претходно, клубот поради финансиски проблеми се раздели со Сикираш, Персон и Јовичиќ. Како замена, во меѓувреме беа ангажирани Капетановиќ, Марковиќ и Дубински, додека Бернар одигра само еден натпревар пред да си замине.